Ќе се градат три улици во ромското маало во Кочани со пари од државниот буџет

Од:

Изградбата на нови три улици во ромското маало во Кочани ќе биде финансирана со пари од државниот буџет преку Стратегијата за ромски прашања, а за што локалната самоуправа е задолжена да изготви проектна документација.

При престојот во Кочани министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата, Аксел Ахмедовски, изврши увид во градежните работи на улицата „Стамен Манов“ каде се асфалтираат два крака, се градат два потпорни ѕида, а еден крак од улицата е веќе бетониран.

– Според планирањата се одвиваат градежните работи за решавање на дел од инфраструктурните прашања за граѓаните од овој дел на Кочани. Дополнително со средства од Министерството ќе се гради и улицата „Блаже Поп Арсов“, потоа кракот 1 – исток од „Стамен Манов“, а ќе се реконструира и дел од улицата „Славчо Стоименов“, истакна министерот Ахмедовски.

Освен за изградбата на новите три улици во Ромското маало, обезбедена е и финансиска поддршка за реконструкција на улицата „Партизанска“.

Досега за сите овие инфраструктурни проекти од државниот буџет се добиени вкупно шест милиони и 300 илјади денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот