А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се формира работна група за реформа на Судскиот совет, покана за учество и до претставници на најголемите политички партии

by А1он01/11/2023 - 13:49335
Share0

Во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот совет. Во работната група, информираа денеска од Министерството за правда (МП), ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата, информираа од Министерството за правда.

Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, појаснуваат од МП, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата.

– Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката. Министерството за правда би сакало да го истакне значењето од реформата на Судскиот совет како орган кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните и целокупната јавност во судскиот систем, наведуваат во соопштението од МП.

Следете a1on на Youtube YouTube
ministerstvo za pravdasudski sovet

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 12:0112/08/2026 - 14:32

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 11:30

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Горан Наумовски30/07/2026 - 11:38

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:41

Груевски уште е државјанин на Македонија, постапката за екстрадиција продолжува, велат од Министерството за правда

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 14:2629/05/2026 - 14:34

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео