Ќе се бришат камати од долгови за комунални услуги

Од:

Пратениците и од власта и од опозицијата се согласија да се донесе закон за отпис на камати од долгови за сметки од комунални услуги за периодот од 2006 до 2011 година. Со амандмани денеска, на Комисијата за финансирање и буџет, се допрецизираа одредбите, па сега законот ќе важи и за сметките за радиодифузија, но и за фиксна и мобилна телефонија, кабелски оператори, одржување на заеднички простории во згради, наводнување и одводнување на земјоделски површини.

Законот предвидува сите јавни претпријатија или приватни компании кои даваат услуги да го прифатат решението за отпис на каматите. Наместо по три месеци, Законот ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник а претпријатијата што вршат комунални и јавни дејсности, треба во рок од 10 дена да донесат генерална одлука дали го прифаќаат отписот на каматата. Граѓаните ќе имаат рок од 12 месеци да го платат основниот долг. Висината на наградата и надоместокот на извршните и процесните трошоци за работата на извршителите и адвокати, по предмети кои произлегуваат од услугите , не може да надмине 20% од нивните предјавени и утврдени трошоци.

Овој закон, предложен од 90-на пратеници од власта и од позицијата, беше речено на седница на Комисијата, ја покажува парламентарната демократија и соработката меѓу пратениците.Законот ќе се најде на пленарна седница, само доколку не се распишат предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање