• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Ќе поскапат јајцата поради новиот начин на одгледување несилки

by А1он28/05/2013 - 15:44197
Share0

Поден наместо кафезен систем за одгледување несилки предвидуваат измените во Законот за благосостојба на животните. Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја зголеми цената на јајцата, бидејќи продукцијата при ваквиот начин на производство е помала.

Добивај вести на вибер

Законските измени треба да се донесат најдоцна до јули годинава, но рокот за воведувањето на оваа новина е пролонгиран и треба да се реализира најдоцна шест месеци до влезот на Македонија во ЕУ.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, со измените на Законот ќе се забрани одгледувањето животни за произведување крзно, како и за нивно користење во циркус. Посебна, независна, стручна комисија ќе одлучува и како ќе се третираат животните, дали и колку ќе може да се користат во научни цели.

Рунтевски на средба со новинарите информира и дека кланиците ќе треба да назначат одговорно лице за заштита и благосостојба на животните кое ќе биде претходно обучено и со стекнат соодветен сертификат. Тоа, пак, ќе треба да гарантира дека персоналот во кланицата работи согласно законот и прописите и дека постапува според стандардните оперативни процедури.

Законските измени, потенцира директорот, се пред се во насока на усогласување со европската регулатива.

hranaхрана

Би можело да ве интересира

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

Предраг Петровиќ31/12/2025 - 18:34

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:20

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Горан Наумовски20/09/2025 - 13:10

Израел: Во Појасот Газа нема глад, ова е лажна кампања промовирана од Хамас

Горан Наумовски27/07/2025 - 07:06

(ВИДЕО) Денеска најмалку 25 лица загинаа во Газа чекајќи храна

Горан Наумовски26/07/2025 - 13:18

Што јадат скопјани – oва се петте најпорачувани јадења преку Wolt

A1on11/06/2025 - 15:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен