Ќе гласа ли Шиповиќ за ДУП-овите на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Тешка и неизвесна седница на општина Центар. Неизвесно е дали Мирослав Шиповиќ, претседавачот на Советот од редовите на СДСМ и се уште актуелен претседател на општинската организација на СДСМ-Центар ќе гласа за трите спорни ДУП-а, за изградба на десет катен хотел на Водно и уништување на зеленилото на Водно, за барок и надградба на ГТЦ, кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите планови за кои во септември минатата година Шиповиќ жестоко се спротивстави и веќе гласаше против.

Почетокот на седницата е закажан за 13 часот, иако советниците од СДСМ и коалицијата барале таа да започне во 10 часот. Тоа, велат е за да се повтори тактиката на ВМРО-ДПМНЕ, спорни одлуки и закони да се носат во доцните попладневни или ноќни часови, кога има и други настани, како денешниот протест, за да се одвлече вниманието на јавноста од работи кои се штетни за граѓаните.

Разногласие во јавноста, кој што рекол и кој како ќе гласа. Вчера, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изјави дека Мирослав Шиповиќ потврдил дека ќе гласа за урбанистичките планови предложени од ВМРО ДПМНЕ. Претседавачот на Советот на општина Центар, според Петар Шилегов, својот став го изнел на ст состанок со советничката група.

„Шиповиќ потврди дека е под невидени притисоци од власта на ВМРО ДПМНЕ да ги поддржи нивните ДУП-ови. Соопшти дека за да се заштити, за да остане на слобода, мора да ги поддржи криминалните планови“, рече Шилегов.

Шиповиќ остро реагираше на ова тврдење.

„Не е вистина дека сум кажал нешто такво и можам да кажам, Боже прости им, не знаат што прават. Од партиски другари тоа да го доживееш… Очигледно во затвор им бев најдобар. Срам да им е. Јас се` уште размислувам како ќе гласам. Денеска бев кај комплексот „Панорама“, таму веќе се гради, изградени се неколку ката, што чекаа до сега, зошто не реагираа?“, изјави за Телма.

СДСМ одговори дека ги пренеле зборовите на Шиповиќ. За нив случајот Шиповиќ е класичен доказ како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се подготвени да газат и врз елементарното човековo достоинство, само да ги остварат своите бизнис апетити.

Градоначалникот Андреј Жерновски, ги повика сите советници два пати да размислат дали с ќе го поддржат „криминалот на власта“.

„Како градоначалник на општина Центар нема да поддржам ничии бизнис интереси, нема да учестувам во носење на криминогени детални планови. Затоа ги повикувам сите советниците двапати да размислат пред да ги изгласаат, бидејќи бизнис интересите не се поважни од животите на граѓаните“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории