Ќе биде предложено дел од јавната администрација да работи од дома

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот.

„Анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени во минатите недели, за утрешната седница ќе предложиме сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти, препорака до јавната администрација, општините и судовите, работниот процес да се одвива во смени или оналајн од дома“, рече Филипче.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да смогнеме сили сите да го избегнеме сето ова“, порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник