Ќе бидат вложени 110 милиони евра во железничката инфраструктура

Од:

Во железничката инфраструктура во изминатите десет до петнаесет дена се придвижија многу работи. Се работи за повеќе проекти со вкупна вредност од околу 110 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во железница, Груевски истакна дека еден од најсвежите примери е проектот за набавка на вагони, како товарни така и патнички односно 150 товарни вагони во износ од 15 милиони евра како и шест сетови на патнички вагони во вредност од 25 милиони евра. Според него, има уште еден дел за реконструкција на железницата во рамки на овие 50 милиони евра.

– Исто така 2,5 милиони евра е реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која практично никогаш досега не е реконструирана од кога е изградена. Можеби и еден од круцијалните проекти е првата фаза од железницата кон Бугарија, а тоа е Куманово – Бељаковце, за која што веќе се распиша тендер за изведба и се распиша тендер за проектирање на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка, појасни премиерот Груевски.

Сите проекти заедно и проектот за реконструкција на уште една делница во оној дел накај Неготино, информира тој, изнесуваат околу 110 милиони евра, договори потпишани во изминатите десет – петнаесет дена.

– Се ова е ветено во нашата програма на изборите така што ние си одиме според тоа што сме го ветиле, потенцира премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на првиот Аква парк во Скопје.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска