Китев: Oвие избори беа се, само не фер и демократски

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, од Сојузот за иднината, Бетиан Китев на денешната пресконференција им се заблагодари на жителите кои му дале поддршка во првиот круг на локалните избори.

„Од самиот почеток на кампањата се соочивме со најгнасната изборна кампања која била спроведена на територијата на Република Македонија. Денот на изборниот молк, молкот важеше само за Сојузот на иднината. Кавадарци беше преплавен од флаери и разни пропагандни материјали од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ниту билборди се отстранија од пред избирачките места, ниту штабовите на ДПМНЕ околу избирачките места беа затворени, ниту пак некој реагираше на сите приговори од страна на СДСМ. Не постоеше поштенско сандаче во кое немаше ставено пропаганден материјал ниту пак влезна врата на чија квака немаше закачено флаерче од владеачката партија.

– На тоа институциите останаа глуви. Избирачките спискови функционираа по системот пиши-бриши. Во законски утврдениот рок кога граѓани, симпатизери и членови на СДСМ проверија дали се внесени во избирачкиот список, нивните имиња фигурираа на истиот. Додека, на денот на гласањето кога сакаа да го остварат своето право на гласање, не постоеја на списокот“, рече Китев

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?