Кисела Вода го одбележа патрониот празник

Од:

Општина Кисела Вода денеска го одбележа својот патронен празник 6 Мај Ѓурѓовден.

Во организација на локалната самоуправа, во паркот Шопен најголемиот пролетен празник се чествуваше со богата културно-забавна програма. Симболично со празникот кој се идентификува со раѓањето и будењето на пролетта, акцентот беше ставен врз најмладите.

Како што соопшти Општината, посетителите ги забавуваа акробати, жонглери, куклари, настап имаа и Златните славејчиња, повеќе млади музички таленти од овој дел на градот, како и Александар Митевски кој и самиот е некогашен жител на оваа општина.

Градоначалникот Филип Темелковски, во своето обраќање пред присутните потсети зошто токму денешниот празник кој годинава се празнува по јубилеен 20-ти пат е избран да биде патронен празник на Општина Кисела Вода.

– Имено, жителите од овој дел на градот векови наназад во старата црква „Св. Ѓорѓија”, го празнуваат овој ден кој ја симболизира истрајноста и вербата, победата на доброто над злото, го слават животот. Најстарата скопска Општина, Општина Кисела Вода негувајќи ги токму овие вредности помина значајни периоди и во историска и во политичка и во општествена смисла и годинава ќе одбележи 63 годишно постоење, рече Темелковски.

Вети дека тој како прв човек на оваа локална самоуправа е насочен исклучиво кон граѓаните и оти интензивно и истрајно ќе работи на прогресот на општината и на надминување на сите предизвици кои ги наметнува секојдневието.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ