Кирацовски за Божик до граѓаните кои го празнуваат: Божиќниот дух на добри дела, мир и спокој нека владее во годината што доаѓа

Од:

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски по повод големиот празник Рождество Христово Божик во свое, и во име на СДСМ, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар.

„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божик, упатувам срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.

Прославувајќи го Христовото раѓање, го славиме животот, љубовта, мирот меѓу луѓето, толеранцијата, солидарноста, меѓусебното помагање и почитување.

Во годината што доаѓа уште попосветено да ги негуваме овие универзални човекови вредности, затоа што тие се предуслов за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.

Нека божиќниот дух на добра мисла, добри дела и топлина владее не само овој ден, туку преку целата година.

Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божик“

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он