Кирацовски во тетовско: Промените доаѓаат и запирање нема

Од:

„Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов и пратеникот Стојко Пауновски вчера оствари средби со граѓаните од населените места Ратае, Туденце, Јегуновце и Вратница.

Граѓаните ги претставија секојдневните проблеми, ги искажаа своите мислења за актуелната политичка ситуација и ги слушнаа решенијата од Програмата на СДСМ.

Сите со различна мака, но едногласни во незадоволството не го криеја својот револт од актуелната власт која ја посочија како директен виновник за тешката ситуација во која живеат. Поради невработеноста и тешкиот живот и овој крај се соочува со масовно иселување на младиот образовен кадар“, пишува во соопштението на СДСМ.

12593888_451809521684471_1695242673440497477_o

– Оваа забегана власт заборави на народот којшто живее овде, мислеше само на личното богатење. Опколени сме со беда и сиромаштија, а нашите деца за кои крај со крај врзуваме за да се образуваат, заминуваат од дома барајќи подобар живот. Оваа власт ги троши нашите пари на споменици, а ншите крашишта опустеа, се пожалија граѓаните.

Кирацовски ги запозна граѓаните со решенијата од програмата на СДСМ којашто се темели на 5 клучни столбови и ги објаснимерките за вработување и поттикнување на вработувањето пред се кај младите.

12605410_451809168351173_1238645254999504813_o

– СДСМ ќе обезбеди субвенционирање на млади претприемачи и нивна поддршка од правен, финансиски, просторен и консултативен аспект преку 16 бизнис инкубатори, рече Кирацовски.

„Во делот на земјоделието, СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра.

Субвенциите ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, а ќе се доделуваат навремено, кога им се најпотреби.

СДСМ сериозно ја разгледува можноста да субвенционира инсталирање на филтер станици кај големите загадувачи низ Македонија, вклучително и за ЈугохромЈагуновце“, се вели во соопштението на СДСМ.

12622056_451809341684489_6570494292916829603_o

Кирацовски уште еднаш пред граѓаните со кои се сретна го афирмираше ставот на СДСМ дека нема да учествува на уште еднинедемократски, криминални избори.

– Ако ја погледнете ситуацијата поврзана со избирачкиот список и медиумската сфера, апсолутно е јасно дека нема услови заодржување на фер и слободни избори на 24-ти Април, оваа година. 13 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во само три провладини телевизии. Тоа е најдиректна потврда дека медиумскиот мрак е платен со пари на граѓаните и дека Груевски не сака слободни медиуими затоа што нема да може да ги контролира, рече Кирацовски.

Никола Груевски се плаши од помислата за фер, демократски и слободни избори, бидејќи е свесен дека на такви избори ќе загуби.  Заврши времето на Никола Груевски. Промените доаѓаат и запирање нема, рече Кирацовски. 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија