Кирацовски упати телеграма со сочувство до семејството на Томислав Чокревски

Од:

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на поранешниот министер за внатрешни работи, Томислав Чокревски.

„Во мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам искрено жалење и сочувство за загубата на Томислав Чокревски, татко, сопруг, пријател и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството, туку и на Република Македонија.

Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во големото безвременско дело што зад себе го остави Томислав Чокревски, како во научните, така и во државничките дострели.

Нека неговото дело биде патоказ за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат и да ја градат сопствената, но и иднината на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он