Кирацовски: Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро

Од:

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски се огласи на својот Фејсбук профил по повод вчерашните внатрепартиски промени.

„Продолжуваме заедно напред! Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!

Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.

На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење.

Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.

Таква е мојата, нашата СДСМ!“, напиша Кирацовски.

За нов генерален секретар на СДСМ беше избран министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Тој доаѓа на местото на Кирацовски, кој беше на оваа партиска функција од јуни 2017 година.

На Централниот одбор по барање на претседателот на партијата Зоран Заев оставка си дадоа сите шест потпретсесдатели на партијата. Оставките на Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски следуваат по разрешувањето на сите претседатели на општинските организации на СДСМ кое се случи минатата недела.

Од СДСМ ќе биде распишан интерен конкурс за пополнување на функциите кои беа разрешени вчера и во текот на минатата недела.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он