Кирацовски по повод Денот на рударите: Макотрпната работа на рударите нека биде пример да работиме уште понапорно за унапредување на правата на сите работници

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го честиташе 28 август, Денот на рударите во Република Македонија.

„Во име на СДСМ и во свое лично име го честитам 28 август, Денот на рударите во Република Македонија. Рударството отсекогаш била и ќе биде значајна стопанска гранка што придонесува за натамошен развој на целокупното стопанство.

Затоа, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено работат на унапредување на безбедноста и здравјето при работа и на унапредување на правата на работниците во ризични професии.

На сите рудари, нека им е честит Денот на рударите во Република Македонија и нека нивната посветена, макотрпна работа биде пример за сите нас да работиме уште понапорно за подобра иднина за сите нас“.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта