Кирацовски на летниот камп на СДММ: Младите се сегашноста и иднината на Македонија

Од:

На Летниот камп на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) се одржа дебата со генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Младите луѓе се сегашност и иднина на Македонија. Затоа СДСМ секојдневно вклучува се повеќе млади луѓе во извршната власт, кои со своето образование, квалитет и чесност ќе бидат носители на реформите во Македонија.
Фокусирани сме на решавање на младинските проблеми. Дојде времето кога треба да ја реализираме нашата програма, нашите решенија креирани заедно со младите луѓе.

Младинската гаранција е една од мерките која ќе им понуди вработување, дообразување на младите, пракса или тренинг.

Оваа мерка ќе почнеме да ја спроведуваме од први септември. Ќе следува цел сет на мерки за млади чија примарна цел е задржување на младите во Македонија и намалување на младинската невработеност.

Сакаме да ја промениме сликата за политиката во Македонија. Со нашата работливост, одговорност и отвореност ќе покажеме дека може поинаку, целта е да направиме од Македонија земја во која вреди да се живее“, потенцираше генералниот секретар на СДСМ.

Кирацовски говореше и за дејствувањето на СДСМ во претстојниот период.

Ќе продолжиме да бидеме отворена партија која ги интегрира сите луѓе кои сакаат да и помогнат на Македонија. СДСМ е модерна, европска партија кадешто правилната комуникација со граѓаните е од суштинско значење, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување