Кирацовски: Имавме скандинавски избори

Од:

Александар Кирацовски, шефот на изборниот штаб на конснзуалниот кандидат, Стево Пендаровски, на прес-конференција рече дека не знае дали лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде во изборниот центар, но рече дека очекува, присуство на претставници на сите 30 партии што застанале зад Пендаровски.

Кирацовски посочи дека е задоволен од излезноста на изборите според нивната аналитика, од 42%. Изборите ги оцени како фер, демократски и како што рече, кристално чисти без нерегуларности.

„Имавме скандинавски избори. Покажавме дека имаме демократски капацитет, а тоа го потврдија и институциите кои се погрижија изборите да поминат во мирна фер и демокрарска атмосфера. Истото го очекувам и од другите политички чинители, да покажат зрелост без оглед на резултатите“, рече Кирацовски.

Тој додаде дека ваква атмофера очекува и во вториот круг и најави дека првичните резултати може да се очекуваат околу 21.00 часот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?