Кирацовски: Грувески нека се помири со реалноста, Талески и сите како него ќе го добијат заслуженото

Од:

Никола Груевски и неговите неколкумина соработници мора да се помират со новата реалност.
Владимир Талески ќе го добие заслуженото. Секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара! Тоа важи и за осомничениот за криминал, градоначалникот на Општина Битола, Талески, рече потрпетседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

„Наивно е ако Груевски и соработниците верувале дека правната држава во Македонија нема да профукционира.

Дека нема да дојде момент кога тевтерчето на Јанкулоска ќе почне да ја губи моќта, како што се случува.

Дека нема професионално да проработи Специјалното јавно обвинителство, формирано со целосен политички консензус, вклучувајки ја и поддршка од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно Груевски и соработниците се збунети и што судија по судија секојдневно се охрабруваат, застануваат на страната на граѓаните и на правдата, и вртат грб на режимот.
Но назад нема! Очајни се обидите на Груевски, и тоа преку други, да го брани соработникот Талески.

СДСМ не го натера екс министерот за финансии Зоран Ставревски да го нарече Владимир Талески криминалец и да потврди дека цената за превозот на учениците во Битола е десет пати повисока од реалната.

СДСМ не го убеди ниту Зоран Илиоски, актуелен пратеник од ВМРО ДПМНЕ кој гласаше за Законот за СЈО, да каже дека Владимир Талески не сработил ништо во својот мандат. Цела јавност ги слушна лично. Жално е што сега истиот Илиоски му дозволува на Груевски да го понижува со контрадикторни изјави, со кои очигледно мора да излегува на прес конференции.

Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини да си поднесе неотповиклива оставка.

Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ – не си го валкајте образот за криминалци. Правдата на голема врата доаѓа за сите нас кои искрено си ја сакаме државата и тоа е веќе незапирлив процес“, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?