Кирацовски: Доколку изјавите на раководителите се дадени под притисок од нивната партија веднаш да пријават

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество, Александар Кирацовски со соопштение реагираше на изјавите од раководителите на битолските институции, Општина Битола и ЈП Стрежево Битола,

„Изненадени сме од реакциите на дел од раководителите на битолските институции, вчера посетени од заменик министерот Александар Кирацовски. Потенцираме дека средбите беа уредно и навремено најавени до институциите и прифатени од нивна страна.

На средбите се разговараше исклучиво на темата – обезбедување на фер и регуларни избори, односно, заштита на вработените во јавниот сектор од евентуални притисоци. На раководителите им беше напомнато дека постојат пријави за дејствија кои во нивните институции претходно се случувале, а кои во очи на претстојните парламентарни избори, не смее да се повторат.

Зачудува фактот што после средбите кои поминаа во мошне фер и коректна атмосфера и на кои сите соговорници изразија поддршка, дел од раководители кои беа посетени до медиумите испратија реакции со ставови дијаметрално спротивни од она што го зборуваа на средбите.

Во таа смисла и во контекст на остварените средби, апелираме до раководителите – Доколку нивните изјави и пишани реакции ги дале под притисок од нивната матична партија, истите тоа веднаш да го пријават до нас, кои целосно им стоиме на располагање во одбрана на нивните права“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он