Кирацовски бара заострување на легислативата за застарувањата на кривични дела за избрани и именувани лица

Од:

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска поднесе измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се иницира промена на одредбите за застарување на кривични дела сторени со злоупотреба на службената положба и овластување, особено од страна на избрани и именувани лица.

– Со законските измени се предлага периодот на апсолутна застареност да се зголеми за една третина од моментно пропишаниот рок. Тоа значи дека доколку биде прифатено ова законско решение, апсолутното застарување на кривичното гонење ќе настапи кога ќе помине период три пати подолг од пропишаната казна за тоа дело. Дополнително, во законот би се додал нов став кој предвидува доколку пред истекот на роковите за застареност е донесена првостепена пресуда, застареноста на првичната пресуда ќе се продолжи за уште две години, рече Кирацовски на прес-конференција во Собранието.

Според него, со овој предлог ќе се спречи злоупотреба на институтот апсолутна застареност на сметка на владеењето на правото и заштитата на јавниот интерес.

– Ова законско решение треба и се надевам дека ќе биде прифатено од сите 120 пратеници, рече Кирацовски, повикувајќи ги и пратениците од опозицијата да ги поддржат измените, кои како што нагласи се јавен интерес.

Кирацовски рече дека ветил оти ќе иницира измени на Кривичниот законик по веста дека едно од делата за кое се гони поранешниот премиер Никола Груевски е прогласено за застарено.

Тој се обратил до сите пратенички групи и за предлог законскиот текст најавува јавна расправа. Кирацовски смета дека предлогот ќе биде само „иницијална каписла за да се отворат сите можни предизвици и проблеми“ со Кривичниот законик и потребите во судството и за неказнивоста на сите оние што се огрешиле.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“