Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски најави дека опозициските пратеници денеска во Собранието ќе поднесат Предлог – закон за дополнување на Законот за административни службеници со кој се бара да се одложи примената на системот на оценување до 2017-та година.
– Со законот бараме во тек на следната година, до 2017 година, врз основа на широка расправа со луѓето на кои се однесува законот и со експертската јавност да се утврди модел за вистинска мотивација на администрацијата, рече Кирацовски.
Според него, власта предложила законски измени со кои, како што рече, признала дека планирала казнување на администрацијата.
– Минатата недела, откако предупредив за евентуалната злоупотреба на казненото оценување, а власта јавно тврдеше дека оценувањето на администрацијата за 2015 година било пилот проект, во Собранието тивко предложиле законски измени по скратена постапка со коишто се обидуваат да се извлечат, рече Николовски и додаде дека „власта со истиот модел на оценување, административните службеници планира да ги казнува во наредната 2016 година“.