Кирацовски: Азбуката и јазикот имаат важна улога во развојот на општеството, да ја чуваме мултијазичноста

Од:

По повод Денот на албанската азбука – 22 ноември, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски упати честитка до сите граѓани припадници на албанската заедница во Македонија.

„Во мое лично име и во име на СДСМ, упатувам срдечни честитки до сите припадници на албанската заедница во Македонија. Азбуката и јазикот го дефинираат идентитетот и имаат важна улога во културниот и интелектуалниот развој, што дава придонес и во развојот на секое општеството.

Република Македонија има привилегија да биде модерна, демократска мултикултурна и мултијазична, во која свое значајно место имаат и албанскиот јазик и албанската азбука.

Културните, верските и јазичните различности се вистинско богатство но и силна нишка што не спојува во градењето еднакво општество на еднакви граѓани. Треба да го негуваме и чуваме тоа богатство бидејќи само преку меѓусебно почитување и разбирање, само преку почитување на различностите ќе успееме да ја изградиме Македонија како едно општество за сите граѓани – концепт во кој СДСМ силно верува“, се наведува во честитката.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он