Кирацовски: Административците да пријават ако имаат закани и притисоци

Од:

Во 1.288 институции денеска ќе бидат испратени писма со соодветен допис, летоци и постер со содржина со правата и обврските на вработените во администрацијата, информираше на прес-конференција заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски во рамките на кампањата за нула закани и притисоци врз админитрацијата.

– Немојте да бидете инструмент во рацете на власта. Пријавете ако имате каков било проблем. Веднаш ќе преземам мерки. Законот ве штити, порача Кирацовски.

Нагласи дека законот е јасен и казните се строги за оние кои на каков било начин се ставиле во функција на партијата, а не на интересите на граѓаните.

– Доколку и врз нив, од нивната партија се врши притисок за партиско-политички цели и тоа веднаш да го пријават кај нас, а ние тука сме да ги заштитиме нивните права, рече Кирацовски.

Истакна дека до почетокот на изборите тој и неговиот тим ќе посетат околу 100 поголеми институции за кои имаат информации за одредени нерегуларности поврзани со организацијата со изборите, при што ќе ги охрабрат да пријават секаков вид на закани и притисоци за кои, како што рече Кирацовски, лично ќе застане во нивна заштита.

Според него, до сега на нивната веб страна од административците најмногу се жалеле на партиски притисоци за обезбедување на 10-15 гласачи или задолжително присуство на митинг на владејачките партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените