Кирацовски: Администрацијата да пријави предизборни притисоци

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски најави дека од денеска ќе посетува институции за кои постоеле претставки испратени до веб-страницата што ја отворил за пријавување предизборни притисоци врз вработени во администрацијата.

Целта е охрабрување на вработените да не подлегнуваат под никакви закани, уцени и притисоци.

– Од денеска заедно со мојот тим на терен ја продолжуваме мисијата за мотивирање на вработените во јавниот сектор да ги пријават сите неправилности и нерегуларности, закани и уцени под слоганот „пријави притисок за фер избор“, изјави Кирацовски.

Нагласувајќи дека законот е јасен и казните за такво дело се строги, Кирацовски рече дека секој кој ќе врши притисок и заплашување на граѓаните ќе одговара со казна затвор од најмалку три години, а доколку тоа го направи лице вработено во администрацијата му се заканува казна затвор од најмалку пет години.

– Во сите институции ќе биде доставен допис во кој се опфаќаат условите за фер и регуларни избори во овој домен, на секојa институција ќе биде поставен постер со оваа содржина, а до секој вработен во администрацијата ќе биде доставен овој леток, рече Кирацовски, истакнувајќи дека на 11 декември мора да има само слободни, фер и регуларни избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија