Кирацоски ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на национално обединување

Од:

Пратеникот Александар Кирацоски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обедување, бидејќи, како што истакна, сите треба да учествуваат во истото. Дали помирувањето ќе биде само за настаните од 27 април или пак пошироко, Кирацоски вели дека ќе се утврди на собраниската комисија.

За амандманите кои треба Владата да ги испрати до Собранието, Кирацоски вели дека има 15 дена, но очекува тие да стигнат до петок.

„Ние сме оптимисти. Секојдневно ќе ги повикуваме сите пратеници кои работат во Собранието да се приклучат кон процесот. Јас сум повеќе од убеден, дека поддршката кон процесот, ќе расте. Ракавицата е фрлена, барањето на овие осум пратеници е некое наше заедничко барање. Не се откажуваме од националното помирување. Ние одиме со идејата граѓаните да почувствуваат мир и спокој во сопствената кожа“, рече Кирацоски.

Тој вели дека предлозите за како ќе се одвива тоа помирување, ќе се одлучи на комисијата формирана од Собранието, каде треба да учествуваат сите пратеници.

„Ја поздравуваме историската одлука на Собранието, со која се испочитува волјата на граѓаните. Гласот на 80 пратеници е глас за ЕУ и НАТО. Создадени се услови за уште поголеми услови за спроведување на реформите. Ги повикувам сите пратеници, вклучително и оние кои не гласаа, да се вклучат во спроведување на нацрт-амандманите. Заедно, да ги поддржиме процесите за имплементација на договорот од Преспа“, рече Кирацоски.

„Поддршката за уставните измени ќе расте, верувам во тоа. Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски реши да остане изолирано, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат можност да ги надминат овие пречки. 80 пратеници направија неповратен исчекор за иднината на Македонија“ додаде Кирацоски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести