Кинеската амбасада донираше 310 таблети за учениците од општина Гази Баба

Од:

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо денеска на средбата со градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, донираше 310 технички уреди за децата кои немаат како да ја следат онлајн-наставата. Општина Гази Баба соопшти дека е блиску до обезбедување на потребниот број таблети за сите ученици од ранливите категории.

Општина Гази Баба соопшти дека амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата посочи дека двете влади соработуваа и пред глобалната пандемија. Тој рече дека вирусот не познава граници, но дека постои вистинска љубов која го грее светот.

-Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотиите во овој тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото, изјави амбасадорот Ѕуо.

Градоначалникот Георгиевски се заблагодари за донацијата од 310 таблети кои според него, ќе бидат од големо значење за учениците особено сега во состојба на пандемија, кога наставата во поголем дел учениците ја следат од дома и што ќе им излезат во пресрет на децата од социјално ранливите категории.

– Вашиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји и за вашите заложби кон нашиот народ, особено кон најмладите. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам да продолжи и во други области, изјави Георгиевски.

Оптината соопшти дека кинескиот амбасадор покажа интерес и за новата индустриска зона, која ќе нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека општина Гази Баба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.

Би можело да ве интересира

Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

СДСМ: Ништо од ветената Зелена Општина, денес Гази Баба тоне во шут и отпад

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он