Кинеска воена делегација во посета на Македонија

Од:

Во Министерството за одбрана денеска заменик-министерот Беким Максути имаше средба со воена делегација од вооружените сили на НР Кина, која престојува во неколкудневна посета на Македонија.

Како што соопшти МО, заменик министерот Максути изразил задоволство од високото ниво на односите помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина и посочил дека билатералната соработка се развива во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување.

– Пример за одличните односи се досегашните донации од НР Кина за Република Македонија, упатувањето припадници на АРМ на школување и доедукација во образовните центри во НР Кина, и тоа на Одбранбени и стратегиски студии, курсеви за инструктори, како и курсеви за боречки вештини, рекол Максути, соопшти МО.

Вицеадмиралот Ли Ји, кој ја предводи кинеската делегација, се заблагодарил за средбата и истакнал дека двете земји имаат одлична одбранбена соработка, за која изразил подготвеност, да продолжи и да се интензивира и во иднина. Посочил дека размената на искуства помеѓу двете Армии и Министерства е во интерес и на Република Македонија и на НР Кина.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска