„Киднапираното дете во Рамстор“ е невистинита информација

Од:

Десетина портали и интернет страници на весници и телевизии веќе два дена информираат за киднапирање дете во Рамстор, а информацијата е преземена од пост на Фејсбук. Притоа никој од порталите ниту ја проверил информацијата во МВР или во Рамстор, а да биде целата работа уште поаматерска, истата приказна се вртеше по социјалните мрежи уште пред една година.

Рамстор веднаш реагираше и ја отфрли оваа информација за киднапирање дете како неточна и ги повика сите портали кои ја овјавија веста јавно да се извинат.

dramaramstor

-Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност.

Истовремено, упатуваме апел до медиумите за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи. Преку објавата на овој демант, бараме од медиумите кои ја објавија лажната вест, да упатат јавно извинување до Рамстор Македонија, до потрошувачите и до читателите за пренесување на лажни и непроверени вести“, соопшти Рамстор Македонија.

Ова не е прв пат одредени портали да презентираат вакви вести за да добиваат кликови и што повеќе посети. Поради тоа и насловите беа панични „Драма во Рамстор“ „Косовци украле дете“, „Родители внимавајте на своите деца“.

Сите овие портали напишаа дека е киднапирано дете во Рамстор во Скопје од лица од Косово, кое го ставиле во автомобил во подрумскиот дел од гаражата на трговскиот центар, го истрижиле но обезбедувањето ги затворило сите врати и на крајот ги спречиле.

Вакви злоупотреби на публиката да се излаже за клик повеќе редовно се прават и со злоупотреба на религијата со поставување икони на кои читателите се повикуваат да стават лајк за денот да помине убаво или пак со полуинформации кои се однесуваат на настани кои се случиле далеку од Македонија, но во насловот не се потенцира истото и се стекнува впечатокот дека се случило овде.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски