Киднапираната Александра конечно во прегратката на мајката

Од:

6-годишната Александра Бошњаковска конечно е во прегратката на својата мајка Татјана. Полицијата успеа да го пронајде девојчето во околината на Маврово со бабата Снежана.

Откако вчера МВР ги приведе дедото на Александра, пензионираниот врховен судија, Александар Бошњаковски, и неговиот син Мартин, истражен судија му одреди 30-дневен притвор на судијата.

Покрај тоа, полицијата поднесе четири кривични пријави против другиот син, Стефан, таткото на Александра и сопругата на судијата, Снежана, кои се осомничени за две кривични дела поврзани со малолетната внука – одземање малолетник и запуштање и малтретирање на малолетно лице.

Пред две години, семејството Бошњаковски насилно ја одземало Александра, и оттогаш мајката немала никаков контакт со неа, иако со судска извршна пресуда е одлучено старателството да и припадне на Татјана Бошњаковска.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби