Поднесено обвинение против Ел Чека

Од:

Основното обвинителство Кичево соопшти дека поднело обвинение против „Ел Чека“ за неовластено прислушување и тонско снимање.

„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори“, наведуваат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори и дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана.

Од Јавното обвинителство нагласуваат дека ваквите појави ги следат внимателно и ќе постапат согласно своите надлежности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта