Кичево: Возовите не ги исполнуваат ни основните услови за патување

Од:

Лошите услови во железничкиот транспорт се причината за сè помалиот број патници што секојдневно го користат возот Кичево – Скопје и обратно.

Стотици студенти од Кичево, кои се на универзитетите во Скопје и во Тетово, тврдат дека, и покрај повисоките цени, секогаш користат автобуси за патување до градот каде што студираат, не сакајќи да патуваат со воз поради лошите услови.

„Кога возот се пушти одново по една подолга пауза, студентите го користеа повеќе, бидејќи имбеше интересно и чинеше помалку.

– Сега не го користиме, бидејќи цената на билетите е речиси иста како и за автобусите. Условите се вистинска катастрофа, многу нечисто и нема доволни места за патниците. Постојат кабини за службени лица, внатре нема никој, а ние другите стоиме на нозе“, вели Јетмире Исмаили од Кичево, студентка во Скопје.

vozVnatre

Патниците коментираат дека често поради големиот број на патници, во неможност да влезат внатре, треба да стојат во просторот меѓу два вагони, што е исклучително небезбедно.

„Освен што беше ризично, беше и студено. Се работи за неизолиран простор и за еден час патување до Тетово ние речиси смрзнавме. Возот многу често доцни и ние треба да чекаме со часови, или има некој дефект и нас нè остава да чекаме на среде пат“, вели И. Ќамили, студент во Тетово.

Пред неколку дена премиерот Груевски најави инвестиции во железничкиот транспорт во земјава, почнувајќи од реконструирање на станиците, па сè од купување нови возови и вагони.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри