Кичево повторно приклучено на преносната мрежа

Од:

Екипите на МЕПСО, по непрекината повеќе часовна работа во 14:09 часот успеаја да ги санираат дефектите на 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија.

Од Македонскиот електропреносен систем оператор информираат дека екипи на МЕПСО паралелно работат на подигнување на двата столба кои завчера беа оштетени од силното невреме на 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Кичево“ и „Осломеј“.

– Со оглед на динамиката, се очекува за период од два до три дена целосно да се оспособи и стави под напон и втората 110 киловолтна врска со која Кичево е поврзано на преносната мрежа на МЕПСО, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски