Кичевец загина во собраќајна несреќа

Од:

К.П. (54) од кичевското село Козица го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 15:15 часот на регионалниот пат Кичево-Битола кај селото Видрани.

– Сообраќајната несреќа се случила во момент кога патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки управувано од сега починатиот што се движело во правец од Кичево кон Битола, со предниот дел се судрило со предниот лев дел од патнички автомобил „Лада“ со кичевски регистарски ознаки, што се движел од спротивната насока, управуван од В.П.(69) од селото Другово, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Возачите на двете возила, додаде, заедно со Р.П. (68) од селото Другово, сопатник во автомобилот „Лада“, се пренесени во Општата болница во Кичево. Поради сериозноста на повредите со медицинско возило. К.П. е транспортиран во Ургентен центар Скопје, но по пат им подлегнал на повредите. Возачот на автомобилот „Лада“ се здобил со лесни, а сопатникот со тешки телесни повреди.

На местото на сообраќајната несреќа, увид извршиле надлежен јавен обвинител и полициска екипа од Полициската станица Кичево.

Би можело да ве интересира

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски

ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на терен се сите спасувачки служби

Горан Наумовски