Кичевец осомничен за поседување на нелегално оружје

Од:

Кривична пријава за 39 годишен кичевец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти СВР Охрид кон крајот на септември оваа година, при претрес извршен во домот на Р.В., пронајдени се пет куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри, еден куршум за ловен карабин калибар 8,57 милиметри и еден куршум калибар 7,62 милиметри.

-По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека петте куршуми калибар 7,62 милиметри се пиштолска муниција наменета за полуавтоматски пиштоли како и други модели на автоматски огнени оружја, куршумот со калибар 8,57 милиметри е муниција наменета за испалување од огнено оружје-ловен карабин додека куршумот со калибар 7,62 милиметри е муниција наменета за испалување од огнени оружја пушки и митролези, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно