Кичевец осомничен за обид за силување

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево осомничено дека сторило кривично дело силување.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти денеска Јавното обвинителство на РС Македонија.

Осомничениот 22-годишник, на 22 октомври, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една оштетена, се појаснува во соопштението, се обидел да ја присили на обљуба. Тој најпрво ја следел оштетената 18-годишна девојка која, заедно со нејзината малолетна сестра, се движела по импровизиран дрвен мост кон нивниот дом во Кичево.

– Кога пристигнале спроти платото на товарната железничка станица осомничениот им се приближил и се обидел да изврши обљуба. Оштетената и нејзината сестра неколкупати го удриле и успеале да побегнат, а настанот го пријавиле во полициска станица, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес