Кичевец физички нападнал шумски полицаец

Од:

Дваесет и едногодишен кичевец е лишен од слобода откако вчера попладе нападнал вработен во Шумска полиција при одземање товарно возило со бесправно исечени дрва.

-Вчера попладне околу 18.00 часот на влезот од Шумската полициска станица во Кичево од слобода бил лишен Б.В.(21) од Кичево поради тоа што физички нападнал вработени во Шумска полиција кои преземале службени дејствија – одземање товарно возило со бесправно исечени дрва. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес