Керим се пласираше во финалниот дел од изборот за генерален секретар на ОН

Од:

Македонскиот кандидат за генерален секретар на Обединетите нации Срѓан Керим се пласираше во финалниот дел на изборниот процес, кој ќе почне на 5 октомври 2016 година, според резултатите од петтиот круг на гласање за оваа фунција што се одржа вчера во Њујорк.

Како што соопшти Кабинетот на Керим, со оглед дека се работи за специфичен начин на селекција, процесот на избор на Генерален секретар на ОН е прилично сложен.

– Станува збор за усогласување на регионални интереси, настојување да се обезбеди полова еднаквост при изборот, а сето тоа со цел да се одбере најдобриот кандидат. Досегашните резултати укажуваат дека имам поддршка на девет земји членки на Советот за безбедност, што е потребниот минимум за избор.
Важно е во финалниот процес да не се добие вето од петте постојани членки. Во следниве неколку недели продолжуваат моите консултации со 15 земји членки на Советот за безбедност и други активности во функција на промовирање на кандидатурата, изјави Керим во соопштението.

Петте постојани членки на Советот за безбедност (САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија) имаат право на употреба на вето во финалниот дел на процесот кој се очекува да заврши во текот на октомври.

Би можело да ве интересира

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он

Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари, под ризик 120 милиони работни места

Ана Ололовска

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска

Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Ана Ололовска