Кекеновски: Галиба нешто се случува со овој Мицкоски

Од:

Стана пракса човеков на партиски позиции и други функции да предлага само осомничени и обвинети персони. По се изгледа оние кои не се обвинети или осомничени (според негов критериум) не им е место на вакви позицииго коментира професорот Јове Кекеновски предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прв човек на новото обвинителството да биде Владимир Панчевски.

„Генералниот секретар на партијата е со сериозно обвинение. Претседател на партиската комисија за локална самоуправа е со дузина обвиненија. Еден од преговарачите за иднината на СЈО исто така е обвинет. Во ИК на партијата еден или двајца се без обвинение.

Сега на смеа и шала (а можеби и саракстично) за обвинител предлага човек за кој е поведена постапка за разрешување, а мислам дека човекот имаше и некоја пресуда за мобинг.

Во ситуација кога има празен гол, тој си дава автогол.

Не е лошо некој да го праша која му е целта?

Ова некако ги премина сите граници на нормално и достоинствено лидерствување со некогаш сериозна партија.“, напиша Кекеновски на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не можам да откривам детали, но има нови сознанија за аферата „Мазут“

Горан Наумовски

Мицкоски: Сегашната Влада е 2,5 до 3 пати поуспешна од претходната

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе изградиме систем во кој сите ќе бидат еднакво вреднувани

Мицкоски со порака до ЕУ: Македонија нема да прифати нови блокади

Горан Наумовски

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади

Мицкоски: Државата нема повеќе простор за отстапки по идентитетски прашања