Кекеновски: 13 причини за создавање на фракција во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Јове Кекеновски, преку писмено соопштение ги наведува причините за создавање на фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

Образложението го пренесуваме интегрално.

1. неснаоѓање на новото наметнато партиско раководство,

2. водењето на недоследна партиска политика,

3. страв од понатамошно обезличување на партијата,

4. партијата да стане вистинска и реална, а не фиктивна или договорна опозиција, која ке има свои конкретни и
долгорочни, а не дневно политички ставови, принципи, идеологија и политика,

5. за најкратко можно време со ново и демократско избрано раководство од членовите на партијата, да се врати како победник на политичката сцена,

6. партиската енергија и сила да ја насочиме во одбрана на интереси на граѓаните на РМ, а не истата да се губи во пазарања со политичкиот ривал за ослободување или амнестија на оние кои сториле криминал и зло,

7. партијата да се врати на членството и расчистување со авторитаризмот,

8. проветрување на партијата од соработници на службите, криминалните и аморалните структури, од одработувачите за туѓи интереси и недостоинствените, од прелетачите (ловци на функции),

9. да ја промениме наследената фамилијарна состојба во која се наоѓа нашата матична партија,

10. да ја вратиме препознатливоста на ВМРО ДПМНЕ како партија на македонското национално и граѓанско единство, а не како партија кој дели и разделува.

11. да покажеме дека сме партија со европски и цивилизациски вредности, а не заробеници на личните фрустации на партиските раководства.

12. против меѓупартиски нелогични јавни и тајни сојузништва и партиски договори и преговори спротивни на иделошките определби на партијата,

13. не сакаме и нема да дозволиме и понатаму ДУИ и СДСМ да го девалвираат највисокиот законодавен дом и институциите на државата и со сите сили и демократски средства да го спречиме секој обид за обезличување на државата и ставање на пиедестал на државните и национални интереси.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик