Казни за двајца кумановци поради непочитување мерки за самоизолација, и за еден што отворил угостителски објект

Од:

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд во Куманово достави предлози за издавање на казнен налог за три лица што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од јавното обвинителство.

Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.

-Двајца од обвинетите пристигнале во земјава од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето што го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници тие не биле затекнати во нивните престојувалишта. Додека третиот обвинет, сопственик на угостителски објект, спротивно на член 1 точка 9 од Одлуката со која се забранува работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници, го отворил својот угостителски објект и примил и послужил гостин што бил затечен при извршената контрола од страна на службеници од Државниот пазарен инспекторат и СВР Куманово-наведуваат во соопштението од ЈОРСМ.

Постапувајќи спротивно на мерките за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар за што обвинителството побара изрекување на парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупно по 2000 евра во денарска противвредност за секој обвинет.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра