Казни за 141 возач во Скопје, 32 за брзо возење

Од:

За возење повеќе од дозволената брзина казнети се 32 возачи, од изречени 141 мерка вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење на мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли и 33 мерки за непрописно паркирање.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

115 санкции за брзо возење

Ана Ололовска

138 сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

Ана Ололовска

138 санкции за брзо возење

Ана Ололовска

166 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Ана Ололовска

230 санкции за брзо возење

Ана Ололовска

181 санкционирани возачи во Скопје, 39 во алкохолизирана состојба

Ана Ололовска