Казни за 14 лица во тетовско кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство од Тетово предложи да бидат казнети 14 лица со паричниказни во износ од по 100 дневни глоби кои не го почитувале полицискиот час за време на викендот, односно за 85-часовниот полициски час.

-Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 14 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти републичкото јавно обвинителство.

Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата со кои се забрани движењето на населението на целата територија на државата. Тие за време на викендот, кога во сила бил полицискиот час, без дозвола, пеш или со возило  се движеле низ градот и околината.

За  обвинетите, обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.​

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја