Казни во висина од вкупно 12.500 евра од Општина Центар за градилиштето зад Универзалната сала

Од:

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денес изрече 5 казни на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, во вкупна висина од 12.500 евра во денарска противвредност, за небезбедното градилиште.

Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата.

Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, што тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште.

Оттука, постапувајќи по Законот за градење, градежниот инспектор на Општина Центар изрекол вкупно 5 глоби и тоа: 4.000 евра во денарска противвредност за непреземање на мерки за обезбедување на градилиштето; 500 евра во денарска противвредност за прекршок на одговорното лице во правното лице „Бинјапи Инжинеринг“, 7.000 евра за правното лице – изведувач „ Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, 500 евра за одговорното лице во правното лице – изведувач и 500 евра за градежниот инженер за изведба, сите во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Објавен Jавниот повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради

Општина Центар: Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

Ана Ололовска

Герасимовски: Центар е најтранспарентна општина од сите скопски општини

Ана Ололовска

Герасимовски: Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3

Ана Ололовска

Герасимовски: Првите три училишта добиваат фотоволтаични системи

Горан Наумовски

Герасимовски: Кога стапувате на функција не ги делите луѓето по партиски или било кои други основи