Казнети 59 пијани возачи во Битола

Од:

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што се казнети 59 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 34 се казнети на територија на Прилеп, 15 во Битола, четворица се казнети во Македонски Брод, тројца возачи во Крушево, двајца во Ресен и еден во Демир Хисар .

За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Уапсен велешанец, возеше со 1,74 промили алкохол во крвта

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Уапсен е кавадарчанец – возеше со 1,98 промили алкохол во крвта

А1он