Во изминатото деноноќие, 42 лица не го почитувале полицискиот час, поради што, 37 од нив се приведени во полициска станица, а пак, 50 граѓани добиле решенија за изолација, додека, 19 потпишале изјава за самоизолација. За ова информираше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, според кого, граѓаните се одговорни, совени и свесни за ситуацијата со коронавирусот и забрананите кои се на сила.
„По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 50 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката“, информираше Чулев.
Во државен карантин се спроведени 13 лица.