А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Казнени налози за петмина битолчани, го прекршиле полицискиот час

by А1он27/04/2020 - 14:28182
Share0

Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Битола денеска поднесе предлози за издавање казнени налози уште против пет лица за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

-Обвинетите, во три одделни настани, постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата и биле затекнати од полициски службеници како се движат на различни локации без притоа да поседуваат дозвола за тоа. Двајца од обвинетите се движеле пеш низ градот на 26 април, додека другите тројца на 25 април во 23:15 часот биле затекнати во внатрешноста на објектот „Трикотажа Пелистер“ АД Битола – во стечај, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Основниот суд Битола му предложил на секој од петте обвинети да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

policiski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен