Казнени налози против осум лица од Скопје за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за определување казнени налози против осум лица, кои ја прекршиле Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, биле затекнати надвор од своите домови за време на полицискиот час. На тој начин тие го сториле кривичното дело што им се става на товар – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од скопското обвинителство.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска