Казна од 20 евра за неносење заштитна опрема во маркети, банки, пошти, чекалници

Од:

Казна од 20 евра ќе му биде изречена на секое физичко лице кое нема да носи заштитна опрема, односно маска, шал, марама и слично во затворени простории, како маркети, банки, пошти, чекалници, здравствени институции. Ова го предвидува уредбата на Владата за стопирање на ширењето на коронавирусот, која е усвоена вчера.

Неносење маска се предвидува само ако граѓанинот престојува во двор на куќа, вози велосипед или спортува, патува со моторно возило со лице со кое живее во заедница или, пак, се движи на јавни места и одржува дозволено минимално растојание од најмалку два метра од друго лице.

„Уредбата определува дека секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.. Под лична заштитна опрема се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично)“, објаснија од Владата.

Со уредбата се предвидува фирмите кои дејноста ја извршуваат во своите седишта да обезбедат заштитна опрема за сите вработени, но и посетители во фирмата кои доаѓаат во нивна посета. Доколку ова не се почитува, казната што ќе се изрече е 2.000 евра.

„Сите домашни и странски правни лица на територија на државата се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење на лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лице кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема од член 2 од оваа уредба со законска сила“, велат од Владата.

Казните нема да се изрекуваат до наредниот четврток со цел физичките и правните лица да имаат време да набават заштитна опрема.

Заштитната опрема ќе треба да се носи сè до завршување на пандемијата, а потоа прекинува и важноста на уредбата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска