Казна доколку Ви побараат да ја копираат личната карта

Од:

Со новите измени на законот за лични карти кој што е влезен во собраниска процедура, Мобилните и кабелските оператори, банките, институциите компаниите со кои се склучува договор за некаква услуга веќе нема да смеат да бараат фотокопија од лична карта при поднесување некои документи, барања, жалби, ниту да ја задржуваат при влез во некоја институција, зошто ќе бидат казнети.

Ваквите измени се правата по барање на Дирекцијата за заштита на личните податоци која открила дека без потреба се собираат и се чуваат копии од лични карти без да има било каква законска основа за тоа.

Лична карта може да се задржат само они институции на кои тоа им е дозволено со закон и тоа Законот за домувањето при склучување договор за продажба на стари станови, потоа Законот за спречувањето перење пари и финансирање тероризам, заради следење на потеклото на парите, Законот за постапувањето со бесправно изградени објекти, при поднесување барање за утврдување правен статус за станбени згради, како и Законот за основањето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за баратели, односно корисници на финансиска поддршка.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби