Казанџиска: Власта ја продолжи голготата на текстилците

Од:

Светот во изминатите денови ја виде грдата слика за состојбите во македонската текстилна индустрија, преку кампањата на швајцарската невладина организација „Декларацијата од Берн“.Лошите услови за работа и ниските плати, го претвораат овој сектор, кој некогаш беше гордост на македонското стопанство, во срам за државата, реагираше СДСМ.

Владата придонесе за ваквите состојби, откако лани изгласа Закон за минимална плата, кој не важи за текстилната индустрија до 2015 година.Во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја потсетиме јавноста дека проектот минимална плата е дел од програмата на СДСМ од парламентарните избори, која Владата ја презеде и ја реализира на почетокот од оваа година. Но, наместо целосно да ја спроведе идејата на СДСМ, власта произведе законско полурешение, кое не важи токму во областите во кои има најголема потреба од утврдување на минимална плата: во текстилната и кожарска индустрија и во земјоделието.

Со ова, рече, власта практично ја продолжи голготата на текстилните работници и остави простор тие и понатаму да бидат експлоатирани и во следните три години да бидат обесправени затоа ќе им се исплаќаат месечни плати од по сто евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби