Kазанџиска: Народот гладува, а Груевски си мести бродови по Вардар

Од:

„Власта ја уби демократијата, крена рака на новинари и пратеници, власта крена рака на сопствениот народ. Тепа оној кој краде и се плаши. За пари удрија по сопствениот народ. А,а заборавија дека народот веќе не се продава. Можете да владеете со пари, ама не и со нашите души“, порача пред своите сограѓани, пратеничката Биљана Казанџиска.

Седум години, рече Казанџиска, овој народ полека умира во нивната преродба. Народот, рече, гладува, а Груевски си мести бродови по Вардар.

„Има ли крај оваа забеганост? Ајде преродбеници излезете да не видите колку сме. Народот си дојде по своето. Ни ја касапите државата а народот молчеше. Но веќе народот се крена и не молчи. Пружа отпор на оваа забегана власт. Македонија си ја бараме назад. Бараме да ни се врати достоинството и нормалниот живот. Се до целта ќе се бориме против оваа корумпирана Влада“, рече Казанџиска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите